Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Е.Б.(30) од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад“, казниво по член 230 ст.3 од Кривичниот законик.

При извршена контрола од страна на полициски службеници од Единицата, во соработка со инспектори од Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за животна средина, на импровизирано и нерегистрирано место за откуп и продажба на секундарни суровини на подрачјето на Општина Шуто Оризари, пријавениот бил затекнат како неовластено тргува со отпад, без соодветна регистрација како правно лице во Централниот регистар и без да поседува дозвола за вршење на дејност за управување, собирање, складирање, преработка, рециклирање или транспортирање на отпад.