Утре ќе настапи преодно стабилизирање на времето.

Во петок ќе дува засилен јужен ветер, а попладне под влијание на нов влажен и студен бран ќе има врнежи од дожд, пообилни во ноќните часови кога на планините ќе преминат во снег.

За време на викендот ќе преовладува променливо облачно и студено време со засилен, повремено силен северен ветер. Ќе има и локални слаби врнежи претежно на повисоките места и на планините каде ќе бидат од снег.