Како што се наближува крајот на 2022 година, многу луѓе кои сакаат да го испланираат слободното време се прашуваат кои се неработните денови за Новата 2023 година.

Ова се празниците кои преостануваат оваа година:

За сите граѓани 8 декември 2022 (четврток), “Св. Климент Охридски”.
За граѓаните од католичка вероисповед : 25 декември 2022 (недела), првиот ден на Божик.
За граѓаните припадници на турската заедница во РМ : • 21 декември (среда), Ден на настава на турски јазик.

Ова се празниците во јануари:

01 јануари (недела), Нова Година, 02 јануари (понеделник) е неработен ден; 07 јануари (сабота), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар.

За православните верници дополнителни неработни празници се и Бадник кој се паѓа во петок на шести јануари 2023, како и Богојавлјение Водици на 19 јануари 2023 во четврток.

Целата листа на празници во 2023 година може да ја прочитате ТУКА.