Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Аеродром, Кисела Вода и Карпош, соопштуваат од РЦУК – Скопје.

Во периодот од 08:30 до 13:00 часот без напојување со електична енергија ќе останат корисниците од од улиците „Блажо Орландиќ“, „12-та Македонска бригад“ во околината на крстосницата кај кулите Џевахир во Општина Аеродром.

Во периодот од 09:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Методија Патчев“ во населбата Драчево во Општина Кисела Вода.

Во периодот од 10:00 до 14:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците на дел од улицата „Миле Поп Јорданов“ во населба Козле во Општина Карпош.