Ликот и делото на Тоше Проески продолжува да живее преку продолжување на оваа соработка.

Пораката за поддршка на Душко Весковски, ја праќа Винко Гргиќ – градоначалник на Нова Градишка заедно со претставници од општинската администрација.

Во 2018 година е склучен договор за меѓуопштинска соработка, трилатерален договор меѓу Општина Карпош, Крушево и Нова Градишка– ликот и делото на Тоше Проески ги спојува овие општини – кои го претставуваат животниот пат на Тоше Проески – Крушево раѓање и живот, Општина Карпош – последна адреса на живеење и Нова Градишка, место каде починува.

Тоше обединува. Потврда за ова е и меѓуинституционалната соработка, која се негува повеќе години.

Договорот за соработка се однесува на проекти во областа на спортот, образованието, културата и туризмот.

Во рамки на овој договор традиционално се одржува Меморијален турнир во мал фудбал во чест на Тоше Проески. Главен покровител на турнирот е Општина Карпош, а организатор е Здружението на стопанственици Власи „Мандра“.

Видео пораката во продолжение е снимена пред спомен плочата на Тоше Проески во Нова Градишка, чие поставување и иницијатива за изработка се токму на актуелниот градоначалник на Нова Градишка, кој во времето на трагичната несреќа на Тоше Проески бил архитект.