Според претседателот на партијата Христијан Мицкоски, ВМРО – ДПМНЕ останува цврсто на ставот дека нема да поддржи уставни измени, бидејќи, како што вели, тие се носат по бугарски диктат. Но, сепак тој предложил услови под кои пратениците на партијата би ги гласале уставните измени.

-Добро е што се случи оваа лидерска средба, бидејќи има одреден вид на комуникација, бидејќи до сега немаше комуникација и покрај бројните шпекулации во јавнота што ги имаше, кажа Мицкоски.

Тој додаде дека преговарачката рамка за ВМРО – ДПМНЕ е неприфатлива, но и за огромното мнозинство македонски граѓани, бидејќи под тие услови ние никогаш нема да бидеме дел од ЕУ иако тоа го сме го заслужиле многу одамна.

И покрај т.н. „цврст став“ против уставните измени Мицкоски истакна дека ВМРО – ДПМНЕ е подготвен да влезе во Влада со СДСМ и со останатите политички партии но без учество во истата влада на ДУИ, а евентуалните уставни измени да важат од денот кога ќе отпочне ратификацијата на пристапниот протокол на Македонија во рамките на ЕУ од парламентите на 27 земји членки. Мицкоски дури дал и предлог кој вклучува поддршка на уставните измени од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

– Да одиме на предвремени парламентарни избори коишто ќе се одржат на три дати, дадов предлог. На есен генерално. Да се формира Влада на широко национално единство во коешто нема да биде дел ДУИ и бидејќи ниту една земја членка на ЕУ нема против со Макеоднија многувековен идентитет, традиција, култура, обичаи, македонски јазик тогаш еве јас сум подготвен со неколку премиери на земји членки на ЕУ на следниот состанок на ЕС, да изгласаат потврдат, гаранција за сето ова што го зборуваме, па да видиме дали е така како што ни велат дека е така имајќи предвид дека сега и Бугарија има легитимна Влада избрана од националниот парламент. Со тој документ да дојдеме пред македонските граѓани и да кажеме еве овој пат Европа застанува позади многувековниот македонски идентитет… и дека овој пат Европа конечно има чиста и јасна цел пред себе Македонија да биде дел од ЕУ семејството, додаде Мицкоски.