Во моментов започна невремето во Скопје, а УХМР издаде метео предупредување за целата територија:

Денес попладне под влијание на влажен бран, почнувајќи од запад ќе има врнежи од дожд проследени со грмежи кои ќе се прошират насекаде и ќе се интензивираат.

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силни електрични празнења, интензивен пороен дожд (над 35 л/м2), град и силен ветер (над 60 км/час). И во текот на ноќта како и во текот на утрешниот ден на места врнежите ќе бидат пообилни (10 до 20 л/м2), локално проследени со грмежи и со услови за појава на град.

Во Скопје од попладневните часови, во текот на ноќта и утре ќе има врнежи од дожд кои во делови од котлината повремено ќе бидат обилни и поројни проследени со грмежи и засилен ветер во форма на невреме.