Vestiplus.mk
+ МАКЕДОНИЈА

Почна исплатата на јулските пензии

Министерството за труд и социјална политика известува дека денеска 27.07.2021 год. (вторник) започна етапната исплата на јулските пензии. Пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 27.07.2021 година (вторник);
За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 28.07.2021 година (среда);
За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 29.07.2021 година (четврток);
За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 30.07.2021 година (петок).

Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од 27 јули (вторник). Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.

Етапното процесирање на пензиите ќе овозможи спроведување на препораките и мерките за спречување и ширење на вирусот, со оглед на тоа што пензионерите како возрасна група се најранливи.
Министерството за труд и социјална политика укажува дека пензиите се сигурни на сметките на корисниците, пензискиот систем е стабилен и функционира без проблеми.

Апелираме до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплати, затоа што етапната исплата е направена со цел да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје.

Можеби ќе ве интересира...

Германија за Западен Балкан: Да појасниме – нема да го оставиме регионот во срцето на Европа

В+

Ја зголемуваме минималната плата на 18.000 денари, платите растат во сите сектори, кажа Георгиевска

В+

Герасимовски: Нов паркинг, реконструкција на дотраени тротоари и инфраструктурни решенија во Буњаковец

Vesti +

Полицијата уапси член на нарко бандата од Грчец баран со меѓународна потерница

В+

(ВИДЕО) Снимен како паѓа – еве како беше соборен уште еден руски авион денеска

Vesti +

Ковачевски: Јас сум на страната на работниците, очекувам решение за зголемување на минималната плата

В+