Почна да се гради клучката кај Момин Поток, проектот од 18 милиони евра ќе биде завршен во 2023 година
Vestiplus.mk
+МАКЕДОНИЈА

Почна да се гради клучката кај Момин Поток, проектот од 18 милиони евра ќе биде завршен во 2023 година

Денеска започна реализацијата на уште еден голем инфраструктурен проект за Скопје – изведбата на клучката кај Момин Поток, која е една од двете главни рути што ги поврзуваат северниот и јужниот дел од градот. На почетокот на градежните работи се обрати градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.

– Станува збор за огромен проект во вкупна вредност од околу 18 милиони евра, чија изведба ќе трае од 2 до 2,5 години. По својата комплексност се работи за најсложениот сообраќаен проект којшто Град Скопје го има изведувано од 1965 до денес, каде што сличен, но поедноставен проект за изведба беше тој на клучката кај хотелот „Континентал“, изградена пред 15-тина години. Со цел да се намали сообраќајниот метеж на овој потег, се предвидува изградба на 2 кружни тека, каде што првиот треба да ја замени крстосницата кај булеварот 8.Септември и улицата Скупи и вториот кој треба да ја замени крстосницата на булеварот Никола Карев и патот кон Визбегово, обиколницата и косовската граница. Од вториот кружен тек улицата продолжува до крстосницата со булевар Словенија каде што се поврзува со булеварот Словенија и со булеварот Босна и Херцеговина. Оваа сообраќајница е една од клучните градски сообраќајници бидејќи дневно овде поминуваат 25.000 возила и метежот е голем – рече Шилегов, на денешната прес-конференција.

Вкупната должина на сообраќајницата меѓу двата кружни тека и до пред раскрсницата со булевар Словенија изнесува околу 1.600 метри. По должина на целата сообраќајница ќе биде поставено најсовремено ЛЕД булеварско осветлување, како и пешачки и велосипедски патеки од двете страни на коловозот.

Проектот предвидува и изградба на 2 моста на реката Серава која тече под оваа сообраќајница, како и изградба на надпатник во продолжение на бул. 8. Септември, над бул. Никола Карев, со распон од 42 метри, потпорни ѕидови со вкупна должина од 2.000 метри, атмосферска и фекална канализација. За непречено одвивање на пешачкиот и велосипедскиот сообраќај предвиден е пешачко-велосипедски надпатник над бул. Никола Карев и 3 подземни пешачко велосипедски премини во рамки на денивелираниот јазол на спојувањето на бул. 8. Септември со бул. Никола Карев.

– Сакам да нагласам дека во 2017 година кажавме дека ќе работиме и градиме по план. Во делот на сообраќајната инфраструктура во северниот дел од градот ги завршивме булеварите, Никола Карев, Босна и Херцеговина и Христијан Тодоровски Карпош, и ако на тоа ја додадеме и оваа клучка и нејзиното поврзување со булевар Словенија, и сега веќе се гледаат резултатите од ваквото планско работење – нагласи Шилегов.

Тој додаде дека создавањето на инфраструктурни услови во северниот дел на градот неминовно води до намалување на притисокот на урбанизацијата во јужниот дел, која се случува повеќе децении наназад, заради нерамномерниот развој на различните делови од градот.

На прес-конференцијата Премиерот Зоран Заев истакна дека Владата на РСМ во континуитет работи на давање на финансиска и политичка поддршка за проектите кои се во насока на подобрување на животот на граѓаните. Владата тоа изминатиов период ќе го реализира преку 94 проекти во целата земја, каде што преку реализацијата на ТАВ Програмата се предвидени 49,7 милиони евра.

На денешната прес-конференција присуствуваа и претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, заменик-министерот за информатичко општество и администрација, Александар Бајдевски и Заменик на Претседателот на владата за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.

Повеќе од интернетот…

  • Biznispro.com
  • Centar.mk
  • Zena.mk
Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за труд и социјална политика за исплата на пензии за месец март 2023 година. Задолжен е Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27.03.2023 година. Се препорачува […] The post Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари од лице годишно, наместо досегашните 7.200 – Мерката “Мој ДДВ” дава резултат и за граѓаните и за државата

Во собранието се изгласа предлог измената на Законот за враќање на дел од ДДВ на физички лица. Оваа измена е со цел од 1 јануари 2023 да се зголеми лимитот на повратот со што наместо 1.800 денари за тримесечие, граѓаните ќе може да добијаат максимален износ од 2.100 денари. Ова значи дека еден граѓанин ќе […] The post Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари од лице годишно, наместо досегашните 7.200 – Мерката “Мој ДДВ” дава резултат и за граѓаните и за државата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Нова цена на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе стокми нови цени на горивата кои ќе важат во текот на следната седмица. Во моментов цената на лондонската берза за барел нафта изнесува 83 американски долари, додека на американската е поевтина. Во моментов цените на горивата се – Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,00 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР […] The post Нова цена на горивата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Овие 2 знаци ги чека ОГРОМНА ДОБИВКА во април: Се се менува наеднаш, има можности кои не се пропуштаат!

Астрологијата ни открива многу работи, а сега открива и дека овие хороскопски знаци ќе бидат најсреќни во наредниот месец. Овен Генерално, оваа година е среќна за Овните, а тие особено ќе ги почувствуваат придобивките на финансиски план. Планетата Јупитер, која владее со среќата и богатството, се наоѓа токму во Овен,... Прочитај повеќе...

Ова се најочигледните знаци дека вашиот мобилен телефон или компјутер се заразени со вирус

Паѓањето на програмите и апликациите е знак дека нешто не е во ред. Постојат неколку знаци кои укажуваат дека вашиот мобилен телефон или компјутер е заразен со вирус или злонамерен софтвер, а во продолжение прочитајте некои од најочигледните.. 1. Бавен уред кој брзо се загрева Во случај вашиот уред да... Прочитај повеќе...

Синоптичарите ја објавија најновата прогноза за до крајот на неделата – Следува драстична промена на времето

Синоптичарите ја објавија најновата прогноза. Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, денес ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (локално над 70км/час). Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во вечерните часови ветерот ќе го... Прочитај повеќе...

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената во текот на менструалниот циклус, како физички така и емоционално. Покрај тоа што главните симптоми на менструацијата се болни грчеви во стомакот, најверојатно жената ќе... Прочитај повеќе Чланак Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме, важен, но без шарм и уште неколку ситници е недоволен за успешно заведување. Секако, секој има своја тактика за заведување, но постојат одредени испробани трикови... Прочитај повеќе Чланак СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време да се преиспитате себеси и вашите чувства и да одлучите дали врската има иднина или не. Сосема е нормално дека во одредени ситуации нема да... Прочитај повеќе Чланак Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Можеби ќе ве интересира...

Лукаревска: Приходите во буџетот во 2022 се поголеми дури и од предвидениот план

В+

За неносење на зимска опрема се казнува со големи казни – Каква е состојбата на патиштата?

Vesti +

Сончево но студено време со температури до 9 степени

В+

Александар Вучиќ прогласи победа: Останува старо/нов претседател на Србија

В+

Нови 4 починати, 142 случаи на ковид

В+

Исмаиловска-Старова: Преку отворање на границите до поголеми плати во „Отворен Балкан“

В+