По долго боледување, денеска почина долгогодишниот новинар Тодор Пендаров.

Пендаров беше политички аналитичар, и редовно се појавуваше во јавноста на ТВ-дебати.

Работеше и како советник за односи со јавност во Собранието уште во времето на Љубиша Ѓорѓиевски, а потоа продолжи и кај Вељаноски и Џафери.