Францускиот адвокат и политичар Роберт Бадентер, поранешен министер за правда кој беше претседател на арбитражната комисија во рамките на Мировната конференција за Југославија во 1991 година, почина денеска на 95-годишна возраст, јавија француските медиуми.

Бадентер – правник, професор по право на Сорбона и претседател на Францускиот Уставен совет – во времето на распадот на Југославија, тој беше на чело на таканаречената Бадентерова комисија, која во декември 1991 година издаде мислење дека СФРЈ е во процес на распаѓање, врз основа на кој, на 15 јануари 1992 година, државите Европската економска заедница (ЕЕЗ) ја призна државната независност на Хрватска и Словенија во постојните граници.

Во својата долга правна и политичка кариера се залагаше за укинување на смртната казна во Франција, што беше постигнато во 1981 година.

Еврејски интелектуалец и министер во социјалистичката влада, чиј татко починал во германски концентрационен логор, Бадентер беше цел на бројни напади од француската десница, од кои некои беа обоени со антисемитизам.