Сношти во Флорида, САД, каде што живееше долги години, почина познатиот македонски актер Димче Мешковски, на 77-годишна возраст.

Оствари улоги во многу театарски претстави („Диво месо“, „Солунски патрдии“, „Хамлет од Долно Гаштани“), телевизиски серии („Македонски народни приказни“), радио-драми и хумористични серии („Хихирику“) и играни филмови („Викенд на мртовци“).

Добитник е на повеќе награди, меѓу кои и наградата „Војдан Чернодрински“ за животно дело.
Мешковски е роден е на 31 октомври 1945 година во Скопје.

Комеморацијата ќе се одржи во салонот на Драмски театар на 28 март во 12ч.