Во текот на изминатите 24 часа починале 10 лица од коронавирус.

Според податоците на министерството за здравство – 3 починати лица се од Куманово (32г, 72г и 77г).

По двајца починати лица има од Охрид (59г и 64г) и Свети Николе (66г и 68г) и по едно починато лице од Крива Паланка (88г), Берово (74г) и Скопје (69г).

Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 4 починати лица, со датум на смрт од 13.09.2021 до 17.09.2021 година. Според МЗ тоа се 2 лица од Гостивар и по едно лице од Куманово, и Ресен на возраст од 46 до 68 години.

Сите починати го изгубиле животот во болница.