На 07.09.2021 во 19,30 часот на пат во близина на брана “Шпилје“, патничко моторно возило “фолксваген“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од А.А.(81) од Дебар, кое напуштило лице место а потоа било пронајдено, удрило во 17 годишен велосипедист од Дебар.

По несреќата, на велосипедистот во болницата “Св.Еразмо“-Охрид му се констатирани тешки телесни повреди.

Увид на лице место извршила екипа од Полициска станица Дебар.