Опозицискиот лидер Мицкоски придружуван од партиска делегација попладнево во беровско Будинарци го пречека камионот со вода кој неговата партија ВМРО ДПМНЕ, која од некои медиуми е прогласена за најбогата во Европа, го донираше за локалното население и оние кои се вклучени во гаснењето на пожарите.

На фотографиите кои ги објави на социјалните мрежи може да се види како Мицкоски, потпретседателот Мисајловски, портпаролот Арсовски и други партиски претставници ја растовараат водата од камионот.

Инаку денеска СДСМ праша: Од која плажа пиромански статуси пишува Христијан Мицкоски?

Сите солидарно се вклучени во гасањето на пожарите само Мицкоски седи на страна и ги омаловажува напорите на сите кои учесвуваат во гасањето на пожарите.

Мицкоски е срам за сите!, порачаа од СДСМ.