Британската разузнавачка служба објави дека се очекува Русија да испрати повеќе од 1.000 платеници во источна Украина поради големите загуби.

Руската приватна воена фирма „Вагнер груп“ веќе е присутна во источна Украина и се очекува да испрати повеќе од 1.000 платеници, вклучително и високи офицери, соопшти британското Министерство за одбрана.

Персоналот на Вагнер, наводно, е повлечен од мисиите во Сирија и другите делови на Африка, бидејќи приоритет сега е во Украина.