По 100 долари за секој што ќе се вакцинира-Секој што не сака пари може да добие друг еден подарок во Њујорк
Vestiplus.mk
+Во тренд...КОРОНАВИРУССВЕТ

По 100 долари за секој што ќе се вакцинира-Секој што не сака пари може да добие друг еден подарок во Њујорк

Почнувајќи од денеска, секој жител на Њујорк кој ќе прими прва доза вакцина против коронавирус ќе добие подарок од 100 американски долари.

Градоначалникот Бил де Блазио во средата објави нов поттик за вакцинација, што ги стимулира граѓаните да ја примат првата доза од вакцината против Ковид-19.

Поттикот вреден 100 долари важи за сите граѓани и вработени кои сè уште не ја примиле првата доза, јави Си-Ен-Ен.

Секој што не сака пари може да добие друг еден подарок, како што се билети за натпревари на ФК Њујорк сити, билети за Бруклин Сајклонс, пропусница за 10 возења со траектот NYC Ferry и некои други поволности.

Поттикот доаѓа откако Делта варијантата го зголеми бројот на заболени низ целата земја и ги принуди Центрите за превенција и контрола на болести да издадат нови упатства за носење маски.

До денес, Њујорк има дистрибуирано близу 10 милиони дози вакцини, а повеќе од 4,9 милиони жители на Њујорк добиле најмалку една доза, информира Де Блазио.

Можеби ќе ве интересира...

Млад скопјанец прегазен на булевар Борис Трајковски – итно пренесен во ургентен

Vesti +

Лукаревска: За укинување на „Пржинската“ влада треба да дебатираат сите чинители

Vesti +

Костадиновска-Стојчевска на министерскиот состанок од Западен Балкан во Тирана: Промовирана првата платформа за култура со министри од Западен Балкан

Vesti +

Милевски го прими косовскиот колега Дамка: Заедничка цел е максимално користење на ИПА фондовите

В+

СДСМ: Пецаков мора да одговара, ВМРО-ДПМНЕ да престане да го штити и да врши притисок врз институциите

Vesti +

Ковачевски: Разговараме со синдикатите, сите одлуки се носат низ социјален дијалог

В+