Цела Европа, вклучително и Хрватска, е солидарна со украинскиот народ и неговата борба за слобода и вредностите кои сите ги споделуваме, изјави во неделата вечерта хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во рамките на големиот концертен маратон за Украина.

Музичари, уметници, политичари и спортисти од целиот свет ја поддржуваат Украина за време на големиот меѓународен хуманитарен концертен маратон „Спаси ја Украина – Стоп за војната“ во полската престолнина Варшава и ја повикуваат меѓународната заедница да се вклучи во запирање на руската агресија.

– Почитувани украински и полски пријатели, Украина е жртва на руска агресија. Цела Европа, вклучително и нас во Загреб, Хрватска, изразува силна солидарност со украинскиот народ и неговата борба за слобода. Освен за нивната земја, Украинците се борат и за вредностите што сите ги споделуваме. Затоа, Хрватска и хрватскиот народ ќе продолжат да изразуваат солидарност, поддршка и помош во политичка, хуманитарна, техничка и која било друга смисла за да им помогнат во борбата за својата земја и да останат независна и слободна држава. Слава на Украина! – рече премиерот Пленковиќ.