СВР Велес поднесе кривична пријава против 22-годишниот М.М. од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“, информира МВР.

На 10 ноември во продавница во Велес, пријавениот употребил се обидел да протури фалсификувана банкнота од 100 американски долари.

„На 25.11.2021 година, полицијата изврши претрес во просторија која ја користел пријавениот, при што биле пронајдени сомнителни банкноти во износ од 396.200 американски долари во апоени од 100 долари“, се вели во полициското соопштение.