Пред неколку месеци двајца пратеници во скафандери гласаа за економска помош за граѓаните, и беа изложени на јавен линч, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ тактизираше со денови, а вчера немавте проблем ваши пратеници да чекаат шест часа, рече пратеничката Славјанка Петровска од СДСМ во гостувањето на „Само вистина“ на Канал5.

-За почеток пратениците на ВМРО-ДПМНЕ треба да побараа одговорност од Мицкоски кој седми пат ги  лаже дека обезбедил мнозинство, а единствено добро од вчерашниот ден е што ВМРО-ДПМНЕ конечно поднесе иницијатива со името Република Северна Македонија и со тоа призна дека Преспанскиот договор е завршена работа и не е можно негово поништување, појасни таа. 

Според Петровска дискутабилна е иницијативата што претходно беше потпишана од 61 пратеник, и други пратеници реагираа и ги повлекоа потписите, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ  направи замка за иницијативата и ги изманипулира пратениците.

-Колегите од опозицијата се разочарани и знам дека Мицкоски нема план и програма за оваа држава и затоа ова беше неуспех, рече Петровска.