Опозицијата згреши бидејќи му веруваше на Христијан Мицкоски и на постојаното повторување дека обезбедил мнозинство, но ете тој не успеа да обезбеди и затоа не можете да обвините дека некој е киднапиран или дека МВР не постапува, рече пратеничката Славјанка Петровска од СДСМ во гостувањето на „Само вистина“ на Канал5.

-Дали после сево ова лидерот на опозицијата чувствува срам бидејќи даде морбидна изјава дека Кастриот Реџепи е новиот Амди Бајрам лесна му земја. Според мене веројатно Реџепи видел дека ВМРО-ДПМНЕ не носи нова иднина, неопоравени од режимот на Никола Груевски и од тоа што не знаат што ќе прават понатаму, тие ниту еднаш не дадоа одговор што понатаму, појасни таа.

Според Петровска дискутабилна е иницијативата што претходно беше потпишана од 61 пратеник, и други пратеници реагираа и ги повлекоа потписите, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ  направи замка за иницијативата и ги изманипулира пратениците..

-Колегите од опозицијата се разочарани и знам дека Мицкоски нема план и програма за оваа држава и затоа ова беше неуспех, рече Петровска.