„Партизација имаше во време на ВМРО ДПМНЕ, ама тоа Ковачки од ВМРО ДПМНЕ го крие или не сака да го спомене, е при тоа обвинува за наводна партизација во Министерството за одбрана. Во делот на капацитетот на АРМ и напади за партизација, ќе прашам- како Ковачки го објаснува фактот дека нашата армија изврши трансформација согласно НАТО стандардите за само 19 месеци, што е своевиден рекорд во однос на други НАТО членки. Процесот на прилагодување започна во 2017 година, загтоа што претходно овој процес беше замрзнат. ВМРО ДПМНЕ се обидуваше многу работи да ги изврти, да ги игнорира, но ние настапивме сериозно, знаевме што правиме. И тоа е препознаено од сите амбасадори во нашата држава.“- му одговори министерката за одбрана, Славјанка Петровска, во емисијата Стадион, на членот на ВМРО ДПМНЕ, Драган Ковачки.
Петровска низ факти тврдеше дека нејзината претходничка Радмила Шекеринска спровела значајни проекти во армијата, за кои ВМРО ДПМНЕ немале воопшто слух.

„Во два наврата, во мандатот на Шекеринска, беа покачени платите во армијата, а не како ВМРО ДПМНЕ само да ги залажува војниците. Дали станбеното прашање беше решено- беше. Дали 11 години за војниците немаше ниту опрема, ниту чизми? Немаше, но во нашиот мандат и тоа беше обезбедено. Исто факт е дека се набавени униформи. Сето она што го направивме во овие четири години, ВМРО ДПМНЕ немаше план како да го направи за 11 години.“- дополни Петровска.