„Не го оставивме претседателот на Украина Зеленски сам. Со сите механизми кои ги преземаме изминатиов период, покажуваме солидарност за справување со агресорот“ рече министерката за одбрана, Славјанка Петровска на ТВ21.

Таа додаде дека невозможно е да се очекува НАТО воено да интервенира во Украина, но тоа не значи дека земјите членки на алијансата не се приклучија кон сакциите, кои се отпор на таа агресија.

„Повикување на НАТО силите да влезат во Украина е погубно сценарија што значи почеток на Трета светска војна. Тоа што направивме е обединување против оваа агресија“ рече Петровска.

Таа додаде дека заложбите на Северна Македонија како држава, но и на сите наши сојузници од почетокот на кризата е да се случи деескалација на состојбата.