Како министерка за одбрана се залагам за високиот углед на Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија и нема да толерирам никакви обиди за добивање на ситни политички поени на штета на Армијата и Министерството, напиша на фејсбук министерката за одбрана Славјанка Петровска, повикувајќи го пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки на телевизиски дуел.

Таа вели дека со цел да се разјаснат сите обвинувања кои вчера биле изнесени на седницата на Комисијата за одбрана и безбедност го повикува пратеникот Драган Ковачки, поранешен припадник на Армијата на ТВ соочување.

-Подготвена сум да одговорам на секое поставено прашање, но имам и неколку прашања кои во интерес на јавноста ќе ги поставам, напиша Петровска.