„Не е точна тезата дека премиерот Димитар Ковачевски нема политички легитиметет. Тој легитимитетот го добива од Собранието. Слични примери има во Велика Британија, каде што десет премиери не се дикретно избирани на избори“ кажа членот на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј Петров во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.

Тој објасни дека во парламентарната демократија граѓаните не гласаат за премиер, туку гласаат за пратеници и политичка опција, а Ковачевски беше дел од таа политичка опција и пред да стане премиер беше заменик-министер за финансии.

Петров кажа дека според него за назначените функции треба да се избираат личности со квалитети и квалификации за работата која ќе ја работат, но исто така наведе дека треба да се дава шанса и на луѓе без многу искуство.

„Се согласувам дека треба да се води сметка за квалитетот при изборот на функционерите, но не смее да генерализираме. На секој треба да му се даде шанса, тоа што некој нема искустов не значи ништо“ кажа Петров.

Коментирајќи го изборот на ТВ презентерката Бесмира Ејупи за генерален конзул во Њујорк, Петров истакна дека не е запознаен со конкретниот случај, но додаде дека тоа е избор на Минситерството за надворешни работи и повика да се води сметка за компетентноста.