Петнаесетгодишно девојче почина од Ковид 19 на Клиниката за инфективни и фебрилни болести во Скопје. Од тетовската болница велат дека пред околу една недела девојчето дошло кај нив во тешка клиничка состојба и поради возраста веднаш било препратено во болницата во Козле во Скопје.

Засега тие немаат информации дали малолетничката имала некакви коморбидитети, но била со зголемена телесна тежина и затоа веднаш била препратена во клиниката во Козле од каде што ја префрлиле на инфективната клиника.