На 05.12.2022 на место викано „Кишино“ – Велес, полициски службеници од СВР Велес ги затекнале М.Ј.(18) од Велес и четири малолетни лица како со три запрежни коли превезуваат бесправно исечени огревни дрва.

Дрвата се одземени и предадени на Шумска полиција во складот на Национални шуми – подружница Велес. По расчистување на случајот ќе следи соодветен поднесок.