Израелскиот министер за надворешни работи Јаир Лапид им наложи на персоналот на израелската амбасада во градот Лавов во западна Украина да се преселат на полската страна од границата.

Персоналот на амбасадата ќе ја преминува границата со Украина секој ден за да продолжи со дипломатската работа и да им помогне на израелските граѓани да ја напуштат Украина, изјави денеска Лапид.