Vestiplus.mk
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Пензионирањето на 64 и 62 години нема да биде задолжително за приватниот сектор

Задолжителното пензионирање на работниците на 64 години кај мажите и 62 години кај жените нема да важи за приватниот, туку само за јавниот сектор, најави денеска министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

– Тоа е закон кој што ќе ги вклучува сите вработени во јавниот сектор и ќе остава можност и за исклучук во реалниот сектор, каде работникот и работодавачот со заемен интерес би се договориле за продолжување на работниот век, одговори Шахпаска на новинарско прашање.

Министерката ги најави законските измени за пензионирање кои влегуваат во законска процедура, според кои работниците кои наполниле 64, односно 62 години, задолжително ќе одат во пензија.

Шахпаска рече дека ова нема да важи за здравствените работници и соработници, како и најверојатно за универзитетските професори.

Можеби ќе ве интересира...

Само со воведување на светски стандарди може да се спасат лозарството и винарството во Македонија

В+

Екс полицаец се заканувал со убиство на Оливер Спасовски, кога полицијата упаднала во неговиот дом нашла пиштоли и муниција – Обвинителството бара притвор

В+

Македонија плаче: Почина 15 годишно девојче од коронавирус во Скопје

В+

Шилегов во Карпош: Граѓаните го препознаваат најдоброто, новите проекти ги дефинираме заедно со нив

В+

Заев: Со реконструкцијата на „Римскиот пат“ од Битола кон античкиот локалитет Хераклеа Линкестис, ги приближуваме вредните историски локалитети поблиску до граѓаните и туристите

В+

Заев: Ги решивме сите отворени прашања за да имаме повисок животен стандард, во недела да гласаме за број 12

В+