На 18.12.2022 во 18.00 часот, полициски службеници од Полициската станица Карпош го лишиле од слобода Р.С.(65) од Кавадарци, затоа што на паркинг простор пред угостителски објект на подрачјето на Карпош физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

По целосно документирање на случајот против лицето ќе следува соодветен поднесок.