Пентагон верува дека рускиот претседател Владимир Путин се обидува да регрутира странски борци за војната против Украина, изјави денеска портпаролот Џон Кирби за Си-Ен-Ен.

– Имаме индиции кои ја потврдуваат оваа приказна дека тие всушност се обидуваат да ангажираат и регрутираат странски борци. Сметаме дека Путин смета дека е неопходно затоа што неговото напредување на северот на Украина со 150.000 војници е запрено – додаде Кирби, осврнувајќи се на приказната за регрутирањето на Сиријците објавена денеска од Волстрит журнал.