Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на претседателот Борис Трајковски во Алејата на великаните на градските гробишта „Бутел“ во Скопје, по повод одбележувањето на 18-годишнината од загинувањето на претседателот Трајковски во близина на Мостар, Босна и Херцеговина.

Претседателот Пендаровски положи свежо цвеќе и на вечните почивалишта на загинатите членови на делегацијата: Димка Илкова – Бошковиќ, Ристе Блажевски, Миле Крстевски, Марко Марковски и Бранко Ивановски.

Делегација, составена од претставници од Кабинетот на Претседателот, од Собранието и од Владата на Република Северна Македонија, положи свежо цвеќе пред спомен – обележјето на местото на несреќата во Ротимље, Босна и Херцеговина.

Делегација на Кабинетот на Претседателот денеска положи свежо цвеќе и на вечното почивалиште на Анита Кришан Лозановска на гробиштата во Велес.