Паркингот на Водно во текот на викендот го искористиле 169 возила
Vestiplus.mk
МАКЕДОНИЈА

Паркингот на Водно во текот на викендот го искористиле 169 возила

Како дел од континуираните заложби да се овозможи безбедно рекреирање на пешаците и на велосипедистите во деновите кога е најпосетено Водно, Градот Скопје и ЈП „Градски паркинг“ воведоа зонско паркирање на паркиралиштата на Средно Водно. Паркирањето се наплаќа за време на државните празници и за викендите од 9 до 16 часот. Цената за првиот час паркирање изнесува 100 денари, а секој нареден час – 50 денари. На паркиралиштата е поставена соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација, како и информативни табли. Паркирањето е бесплатно за хендикепираните лица, како и за туристичките автобуси, а паркирањето во зеленило се санкционира. Паркингот на Водно во текот на викендoт го искористиле 169 возила според бројот на испратени СМС пораки. Градот Скопје апелира до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.

Можеби ќе ве интересира...

Приведено лице во тетовско поради приредување на игри на среќа без лиценца

В+

Заев на седницата за пратенички прашања: За прв пат граѓаните имаат своја Влада, која ја избрале и е тука да им се најде кога им е потребно, откупот на грозјето е еден од примерите

В+

Приведени две лица за криумчарење мигранти

Vesti +

Приведено лице во Кавадарци за издржување затворска казна

Vesti +

Среде Охрид синоќа приведен криминалец баран со потерница

В+

Поднесена кривична пријава против скопјанец за загрозување на животната средина и природата со отпад

Vesti +