Vestiplus.mk
+ МАКЕДОНИЈА

Паркингот на Водно во текот на викендот го искористиле 110 возила

Како дел од континуираните заложби да се овозможи безбедно рекреирање на пешаците и на велосипедистите во деновите кога е најпосетено Водно, Градот Скопје и ЈП „Градски паркинг“ воведоа зонско паркирање на паркиралиштата на Средно Водно. Паркирањето се наплаќа за време на државните празници и за викендите од 9 до 16 часот. Цената за првиот час паркирање изнесува 100 денари, а секој нареден час – 50 денари. На паркиралиштата е поставена соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација, како и информативни табли. Паркирањето е бесплатно за хендикепираните лица, како и за туристичките автобуси, а паркирањето во зеленило се санкционира.

Паркингот на Водно во текот на викендот го искористиле 110 возила според бројот на испратени СМС пораки.

Градот Скопје апелира до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.

Можеби ќе ве интересира...

Започнува караван за вакцинација против Ковид-19 во повеќе општини низ државата – Вакцинацијата е најефикасна мерка за заштита на здравјето

В+

Зимско сметање на времето – Стрелките на часовникот одат еден час наназад во предизборната ноќ

В+

Само со воведување на светски стандарди може да се спасат лозарството и винарството во Македонија

В+

Влада: Од денес стартува исплатата на минималната плата од 18.000 денари

В+

Познатата формула на Алберт Ајнштајн за да имате пари секогаш: Еве кои решенија на познатиот научник ги користат многу богати луѓе

Vesti +

Извор на живот за милиони луѓе: Водата исчезнува во една од најголемите реки во САД

Vesti +