Грчките просветни работници кои се противат на вакцинација, одбиваат да се вакцинираат или да се тестираат самостојно, ќе се соочат со намалување на платата или суспензија.

Ова е наведено во одлуката на тамошните министри, која треба да се донесе, пишува Катимерини.

Домашните тестови беа дистрибуирани до наставниците и учениците на возраст од 16 до 18 години, бидејќи властите во понеделникот ги отворија средните училишта за учениците во последните три класа.

Просветните работници кои одбиваат да се вакцинираат или редовно да се тестираат за ковид -19, пред да влезат во училница, ќе се соочат со кратење на платата и други дисциплински мерки во согласност со заедничката министерска одлука што се подготвува во моментов, пишува весникот.

Според изворите на Катимерини, новите прописи донесени од Министерството за образование со цел да се обезбеди безбедна академска година од септември во училиштата и универзитетите се однесуваат на сите просветни работници, постојано вработени и по договор.

Покрај намалувањето на платата, на вработените со полно работно време им се заканува и суспензија од должноста без плата, до вакцинација, додека на привремено вработените ќе им бидат суспендирани договорите.

И едните и другите ќе се соочат со кредитни загуби според системот на бодување на државната служба, што ќе влијае на нивните изгледи за напредување или вработување.