Денеска (23.01.2023) во 00.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ѓ.М.(25) од Куманово.

Тој бил баран поради бегство од Казнено – поправната установа Затвор К’шање, каде издржувал затворска казна.

Лицето било спроведено во установата за доиздржување на казната.