На 03.04.2022 во 16.10 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека на ул.„Браќа Миладинови“ во Виница, И.Д.(52) од Виница, управувајќи мопед „пежо“ со винички регистарски ознаки, паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Општата болница во Кочани.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Виница.