Ако се надевате дека наскоро ќе ја пронајдете вашата сродна душа, можеби сте еден од среќниците на кои ѕвездите подготвуваат пријатни изненадувања во следните неколку месеци.

Рак
Иако моментално не се задоволни од љубовната ситуација, тоа наскоро ќе се промени. Веќе на крајот на овој месец ќе забележат дека околностите се вртат во нивна корист. Ќе станат разиграни, заводливи и отворени за нови искуства, а во ноември би можеле да најдат сродна душа. Личноста која ќе влезе во нивниот живот толку силно ќе ги привлече што брзо ќе го спуштат штитот и ќе им се препуштат на страстите.

Шкорпија
Нивниот љубовен живот моментално е доста комплициран, но со почетокот на нивното владеење на 23.10. има позитивни движења. Нивниот магнетизам и сексипилност ќе дојдат до израз, па ќе бидат неодоливи. Им се отвораат многу возбудливи можности, а со нив најмногу шанси ќе има оној кој ќе успее да ја скокотка нивната фантазија. Ноември е одличен за страствените гејмери, додека декември е полн со можности за забава.

Јарец
Јарците ќе бидат попопуларни, но поинаку. Ќе забележат дека секаде ги набљудуваат, што на почетокот ќе им направи непријатно, но брзо ќе се опуштат и ќе почнат да уживаат во вниманието. Голем дел од есента ќе си поминат одлично, но декември ќе биде кобен за нив. Тогаш треба да запознаат некој кој ќе ги има сите квалитети кои ги бараат кај партнерот и со кој ќе имаат возбудлива врска.