Ферментираните млечни производи како јогурт, кисело млеко, павлака, кефир, имаат повеќекратни здравствени придобивки – го нормализираат дигестивниот систем, го намалуваат ризикот од развој на срцеви и васкуларни заболувања, ги штитат цревата од паразити…

Овие намирници се богати со протеини, калциум и бактерии кои се врзуваат за цревниот ѕид и градат природна бариера, спречувајќи го врзувањето на штетните агенси.

Овие намирници се главен извор на аминокиселини и протеини неопходни за ефикасно функционирање на организмот, а за разлика од млекото, телото многу побрзо ги апсорбира, бидејќи нивните протеински синџири се многу пократки.

Сепак, колку тие навистина ќе бидат корисни за вашето тело зависи и од времето кога ќе ги консумирате, тврдат експертите. Нутриционистите препорачуваат да не консумирате јогурт и сите други ферментирани млечни производи во првиот час и половина по оброкот.

Кога ќе помине барем час и половина од последниот оброк, тогаш пожелно е да се земат.

– Кисело млечните производи ја нормализираат цревната микрофлора благодарение на таканаречените бифидобактерии кои се доста богати со нив. Овие бактерии ги нарекуваме и пробиотици. За максимален бенефит од бифидобактериите, многу е важно ферментираните млечни производи да се земаат на празен стомак – истакнуваат нутриционистите.

Многу експерти се на мислење дека овие намирници треба да ги консумирате две недели по ред за да ја подобрите работата на цревата. На дневна основа, препорачливо е да ги внесете следните износи:

Кефир, јогурт и кисело млеко – се препорачуваат 1-2 чаши дневно

Свежо сирење, павлака (2,5 проценти маснотии) – препорачаната доза е 100 грама на ден