Сите хороскопски знаци имаат некои доблести, а според астрологијата ова се трите најинтелигентни хороскопски знаци.

Стрелец
Стрелците се духовити, саркастични и снаодливи и важат за еден од најинтелигентните хороскопски знаци. Родените во овој знак секогаш сакаат да учат нови работи и да уживаат во нови искуства. Стрелците се независни луѓе кои уживаат во својата слобода и сакаат да пробуваат нови работи.

Девица
Девиците важат за перфекционисти и секогаш сакаат да бидат начитани и добро информирани за сите настани во светот. Токму таа желба да се биде постојано информиран за Девиците го прави еден од најинтелигентните хороскопски знаци. Без разлика дали се работи за пеење, танцување, пишување или нешто сосема друго, доколку ги интересира, Девиците најверојатно ќе го совладаат тоа.

Ова е причината зошто Девиците се добри во она што ги интересира. Родените во овој знак се посветени на она што ги интересира и ќе бидат успешни во тоа.

Водолија
Водолијата прифаќа нови предизвици и животни промени. Луѓето родени во овој знак имаат широк спектар на интереси и сакаат да учат за нови концепти и работи. Затоа Водолијата се издвојува во поголеми групи луѓе. Размислуваат за се и нудат нови идеи и решенија, па важат за еден од најинтелигентните хороскопски знаци.