Откуп на грозје ќе има, „Тиквеш“ веќе почна со потпишување на договори со лозарите
Vestiplus.mk
БИЗНИСВо тренд...

Откуп на грозје ќе има, „Тиквеш“ веќе почна со потпишување на договори со лозарите

На повеќе од два месеца од официјалниот старт на годинешната берба, винарската визба „Тиквеш“ започна со потпишување договори со лозарите. Првите договори беа склучени кон средината на јуни, а досега се потпишани 460 договори, со кои „Тиквеш“ веќе обезбеди над осум милиони килограми квалитетно грозје од сортите шардоне, ризлинг, темјаника, мерло и каберне совињон.

„Оваа година го почнавме процесот на потпишување договори со нашите партнери многу порано од вообичаеното. Со ова сакаме да внесеме поголема сигурност и стабилност во целиот процес на соработка и да го зајакнеме партнерството со лозарите, што е наша трајна, стратешка определба“, објаснуваат раководните луѓе во „Тиквеш“.

Во „Тиквеш“ се исклучително задоволни од одзивот и комуникацијата со лозарите во досегашниот тек од процесот на потпишување на договори и очекуваат дека до почетокот на бербата ќе бидат потпишани и до 2000 договори за деловна соработка.

„Впечатокот од досегашната комуникација со лозарите е дека тие се задоволни од условите што ги понудивме во новите договори, како во делот на количините, така и во делот на условите за плаќање на откупеното грозје. Истовремено, со договорите се дефинираат правилата и целокупниот начин на одгледување и третман на грозјето, што е дополнителна гаранција за висок квалитет, кој е неопходен за производство на врвно вино“, велат во „Тиквеш“.

За да се стимулира и одржи највисок квалитет на грозјето, што е императив за „Тиквеш“, винарницата одлучи да им понуди повеќегодишни договори на лозарите кои произведуваат сорти со највисок квалитет кои се особено ценети на пазарот, како што се темјаника и ризлинг. Истовремено, за грозјето со највисок квалитет кое се преработува во процесот на микровинификација, преку кој се произведуваат премиум вина во ограничени количини, предвидени се и посебни услови за плаќање на откупеното грозје кои се многу пократки од законски дефинираните рокови.

Повеќе од интернетот…

  • Centar.mk
  • Biznispro.com
  • Zena.mk
ОВА НЕШТО СЕ СЛУЧУВА НА НЕБОТО ДЕНЕС: Подгответе се за тотален ролер костер, ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ кои следат

Денеска е посебен ден во 2023 година, бидејќи астролошки имаме полна месечина во знакот на Стрелец. Таканаречената образ месечина носи големи промени и многу можности да промениме сè во животот што не ни се допаѓа. Се разбира, промената мора да дојде од нас самите, а ѕвездите се тука за да... Прочитај повеќе...

Спасовски: Управувањето со миграциите не значи управување со бројки, туку работа со луѓе

Обраќање на Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи: Во континуитет сме посветени и сериозно го сфаќаме прашањето на управување со миграците во нашата земја, поради неколку клучни причини од големо значење – управување со добросостојбата и безбедноста на нашите граѓани и националната инфраструктура. Исто така, обезбедување валидност на нашите договори... Прочитај повеќе...

Спасовски заедно со граѓаните во храмот Света Троица во село Петралица, Крива Паланка, а по повод празникот Педесетница или во народот познат како Духовден, 50 дена од Неговото Воскреснување

Денеска сум заедно со граѓаните во храмот Света Троица во село Петралица, Крива Паланка, а по повод празникот Педесетница или во народот познат како Духовден, 50 дена од Неговото Воскреснување. Духовден го означува спознавањето на човекот со третото лице на Света Троица – Светиот Дух, а со тоа завршува и... Прочитај повеќе...

Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата листа на должници со имиња на фирми и луѓе

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.05/2023 за долгови доспеани до 31.01.2023 и неплатени до 30.04.2023 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е: повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители […] The post Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата листа на должници со имиња на фирми и луѓе appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Внимавајте: Зa една година измамени 43 граѓани со брзи кредити

Десетици измамени граѓани се соочиле да плаќаат рати од туѓи подигнати брзи кредити. Само во 2022 година евидентирани се 43 случаи на измами со брзи кредити, велат од МВР за Centar.mk. За овие случаи до ОЈО поднесени се 16 кривични пријави и 24 писмени известувања, при што во рамките на расветлените случаи пријавени се 24 […] The post Внимавајте: Зa една година измамени 43 граѓани со брзи кредити appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Цените на становите се очекува да одат надолу, забележан е значителен пад на цените на градежните материјали

Ќе одат надолу цените на квадратен метар станбена површина во главниот град и внатрешноста на Македонија велат познавачите. Цените кои беа напумпани на становите во Скопје и внатрешноста се очекува да паднат, пред се поради намалената побарувачка, но и поевтинувањето на градежните материјали. Со најава дека цените на становите во Македонија ќе паднат неодамна излезе […] The post Цените на становите се очекува да одат надолу, забележан е значителен пад на цените на градежните материјали appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената во текот на менструалниот циклус, како физички така и емоционално. Покрај тоа што главните симптоми на менструацијата се болни грчеви во стомакот, најверојатно жената ќе... Прочитај повеќе Чланак Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме, важен, но без шарм и уште неколку ситници е недоволен за успешно заведување. Секако, секој има своја тактика за заведување, но постојат одредени испробани трикови... Прочитај повеќе Чланак СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време да се преиспитате себеси и вашите чувства и да одлучите дали врската има иднина или не. Сосема е нормално дека во одредени ситуации нема да... Прочитај повеќе Чланак Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Можеби ќе ве интересира...

Ковачевски: Пари во буџетот има, приходите се реализираат над проекциите

В+

МОН: Објавен повик за финансирање на истражувачки проекти на научни установи со дејност од висок стратешки и национален интерес

В+

Елегантни девојки пред „Сити мол“ го најавија отворањето на новата продавница TED BAKER

Vesti +

Се олабавуваат антиковид мерките во Македонија – ова се одлуките на Владата

В+

Забрчанец: Средбата Вучиќ – Курти во Охрид, инвестиција во мирот на Балканот и во забрзување на заедничкиот европски напредок

Vesti +

Владата избори минималено покачување на струјата и обезбеди помали сметки за најпогодените граѓани

В+