На 29.01.2022 од страна на полициски службеници од Полициска станица за граничен премин „Табановце“ при Регионалниот центар за гранични работи Север била извршена контрола на патничко возило – комби „фиат дукато“, со германска национална ознака, управувано од А.Р.(28) од Радовиш, кое вршело меѓународен превоз на патници.

При контролата било констатирано дека возилото не поседува комплетна потребна документација за меѓународен превоз на патници. Од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возилото.