27.000 наставници кои треба да бидат опфатени со новиот Закон за наставници, а според владејачката СДСМ тоа ќе донесе повисоки плати за овие вработени во образовнието се на штрек поради скандалозните блокади на ВМРО ДПМНЕ.

ВМРО ДПМНЕ го кочи и трансформирањето на работниот однос на 4.700 наставници, кои треба да добијат решенија на неопределено време.

На ваквите игри реагираше и СОНК, најавувајќи блокада на влезот на Собранието.

Сето ова доаѓа во низа, откако Трајко Славески од ВМРО ДПМНЕ претходно сметаше дека не треба да се покачи минималната плата на 18.000 денари, бидејќи немало логика. Додека пак Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО ДПМНЕ преку фејсбук статус ги понижи касиерите и касиерките во продавниците бидејќи сега ќе имале плата рамна на некој во администрација, со што разгневи огромна маса на луѓе од работничката класа.

Речиси истовремено Влатко Ѓорчев ги понижи земјоделците затоа што цените на зеленчукот му биле превисоки за негов џеб, па наиде на жестоки реакции од страна на земјоделците од цела Македонија.