Министерот за надворешни работи, Бујар Османи утре ќе реализира работна посета на Албанија, каде ќе се сретне со повеќе преставници на Македонското национално малцинство и повеќе преставници на локалните самоуправи.

Според Агендата, околу 10:00 часот министерот Османи ќе има средби во Тробиште и Голобрдо, а околу 12:30 минути ќе пристигне во регионот Пустец.

Во Пустец предвидени се средби со претседателот на МАЕИ, Васил Стерјовски, како и со градоначалникот на Општина Пустец, Пали Колевски, како и посета на повеќе локации, училишта, спомен куќи, кои се од посебно значење за локалните жители.