По официјалната посета на Кралство Саудиска Арабија, од утре, Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ќе престојува во Букурешт, Романија, каде ќе учествува на Минхенската лидерска средба, организирана од страна на Минхенската безбедносна конференција.

На Минхенската лидерска средба, на која е предвидено да учествуваат над 70 високи гости од Европа и пошироко, ќе се разговара за влошената безбедносна ситуација по руската агресија врз Украина, состојбите во Западен Балкан и Црноморскиот регион.