Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска го претстави и детално го објасни Протоколот меѓу Македонија и Бугарија со кој државата ги почнува преговорите со ЕУ.

Од објавеното денеска очигледно е дека се разјаснија многу недоумици но и дека пропаднаа лажните вести што ВМРО-ДПМНЕ со денови ги пласира во јавноста.

Имено, сите прашања во Протоколот се засновани на принцип на реципроцитет.

Во однос на историските прашања и учебниците, и тој дел се однесува и за двееќте држави, а може да се реализира откако сите членови на Комисијата ќе дадат согласност а потоа Владата врз основ на тоа треба да донесе одлука, слично е и со чествувањето на празници и историски личности.

Со тоа пропадна лажната вест на ВМРО-ДПМНЕ дека Софија и бугарската влада ќе правеле ревизија на историјата и дека таму ќе се пишувале учебниците.