Османи: Ехото од Охрид и Преспа ќе одекне силно и далеку низ светот
Vestiplus.mk
Во тренд...

Османи: Ехото од Охрид и Преспа ќе одекне силно и далеку низ светот

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи како домаќин и организатор на најголемата меѓународна конференција што Северна Македонија некогаш ја има организирано, денеска за време на одржувањето на Преспа форум дијалог, во Охрид имаше прес-конференција, тематски посветена на овој настан.

Оваа конференција на едно место го собра целиот регион, собра влијателни претставници на Европската Унија, претставници на бројни мултилатерални организации, на регионалните иницијативи, претставници на земји-членки на Унијата, на САД, итн. Највлијателните невладини организации, аналитичари, академски претставници се дојдени денеска во Охрид и Отешево, обединети под закрилата на Преспа форум дијалог.

Османи информираше дека денеска на едно место имаме претседатели на држави, премиери, повеќе од 20 министри, не само од регионот, туку од цела Европа и САД. Повеќе од 100 странски новинари кои го покриваат настанот, што зборува за важноста на истиот и во тој контекст нагласи дека ехото од Охрид и Преспа ќе одекне силно и далеку низ светот.

„Охрид не случајно е избран за место на одржување на овој настан, кој носи двојна симболика. Тука бевме пред 20 години, кога се потпиша историскиот Охридски рамковен договор, кој ги постави темелите и го отвори патот за следните два договора што дојдоа подоцна, Преспанскиот со Грција и Договорот за пријателство со Бугарија. Ние изградивме ваква платформа врз основите на трите договори, впрочем тоа се темелите и трите пресвртници на нашиот пат кон градење на нашата модерна, демократска држава, а заедничкиот именител на трите договори е тоа што сите се постигнати преку дијалог. Токму тие ја презентираат нашата автентична приказна и служат како инспирација за воспоставување на дијалогот во Преспанскиот форум, како платформа за унапредување на помирувањето, градење, доверба и политички дијалог“, истакна Османи.

Министерот информираше дека на форумот ќе преовладуваат теми за дипломатијата за меѓународните односи, геополитичката реалност и современи предизвици, дека ќе се направи обид да се најде начин да се вметне делот што недостасува и да ја направиме Европа целосна, што впрочем е темата на оваа конференција, да се разговара за европското парче кое недостасува.

Османи нагласи дека Панелот за иднината на Европа е пионерски пробив за вклученоста на земјите од Западен Балкан во оваа конференција, кој заедно со Европската служба за надворешна и безбедносна политика и цивилното општество од регионот, но и од Германија го испраќаат гласот на регионот за овоj настан.

„Како што веќе посочив, ова е далеку најголемиот настан што сме го организирале, што претставуваше предизвик од секаков аспект: од оргaнизационо-технички, протоколарен, па се до политички предизвик, да се биде домаќин на највисоки гости од регионот, од Европа, па дури од САД. Тука ќе завршам и Ве повикувам да продолжиме да ги следиме содржините на оваа конференција, размената на мислења, на идеи, кои ќе донесат плодни заклучоци и кои ќе остават печат не само на земјава и на целиот регион“, заклучи Османи.

The post Османи: Ехото од Охрид и Преспа ќе одекне силно и далеку низ светот appeared first on Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт….

Повеќе од интернетот…

  • Biznispro.com
  • Centar.mk
  • Zena.mk
Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за труд и социјална политика за исплата на пензии за месец март 2023 година. Задолжен е Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27.03.2023 година. Се препорачува […] The post Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари од лице годишно, наместо досегашните 7.200 – Мерката “Мој ДДВ” дава резултат и за граѓаните и за државата

Во собранието се изгласа предлог измената на Законот за враќање на дел од ДДВ на физички лица. Оваа измена е со цел од 1 јануари 2023 да се зголеми лимитот на повратот со што наместо 1.800 денари за тримесечие, граѓаните ќе може да добијаат максимален износ од 2.100 денари. Ова значи дека еден граѓанин ќе […] The post Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари од лице годишно, наместо досегашните 7.200 – Мерката “Мој ДДВ” дава резултат и за граѓаните и за државата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Нова цена на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе стокми нови цени на горивата кои ќе важат во текот на следната седмица. Во моментов цената на лондонската берза за барел нафта изнесува 83 американски долари, додека на американската е поевтина. Во моментов цените на горивата се – Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,00 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР […] The post Нова цена на горивата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Занаети кои исчезнуваат – Улицата на јорганите во скопската чаршија остана со само два дуќани

Останаа само двајца јорганџии, на улицата на јорганџиите во старата скопска чаршија. Еден од нив е Нусрет Агуши, кој со овој занает се занимава уште од детството. Педесетгодишниот Агуши занаетот го добил од својот уста (мајстор), од кого го добил и дуќанот во кој рачно шие традиционални јоргани. Тој за... Прочитај повеќе...

Трите години во НАТО ги разбија сите сомневања за безбедноста, општествена кохезија и просперитетот

Зоран БОЈАРОВСКИ После три години од членството во НАТО, Северна Македонија може да потврди дека исполнувањето на едната од двете врвни стратешки определби за меѓународно позиционирање на државата во заедницата на прогресивните западни демократии – членството во НАТО, ги исполни сите очекувања и ги оправдува сите заложби аргументирано и рационално... Прочитај повеќе...

Средба на претседателот Пендаровски со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Шаховска Федерација на Македонија. На средбата беше разговарано за тековните активности на федерацијата, учеството на меѓународни натпревари, организирањето на европски и светски првенства во нашата држава, како и за важноста од продуцирање на соодветно обучен кадар за развој и поддршка на шахот. Нагласувајќи... Прочитај повеќе...

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената во текот на менструалниот циклус, како физички така и емоционално. Покрај тоа што главните симптоми на менструацијата се болни грчеви во стомакот, најверојатно жената ќе... Прочитај повеќе Чланак Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме, важен, но без шарм и уште неколку ситници е недоволен за успешно заведување. Секако, секој има своја тактика за заведување, но постојат одредени испробани трикови... Прочитај повеќе Чланак СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време да се преиспитате себеси и вашите чувства и да одлучите дали врската има иднина или не. Сосема е нормално дека во одредени ситуации нема да... Прочитај повеќе Чланак Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Можеби ќе ве интересира...

СДСМ: Државотворните одлуки на Ковачевски носат придобивки, 80 милиони евра помош од ЕУ

Vesti +

Заев: Мирот треба да ни остане ѕвезда водилка

Vesti +

Полицијата казнува доколку немате зимска опрема – Каква е состојбата на патиштата денеска?

Vesti +

Маричиќ: Владата не калкулира со судските процеси и тоа никако не е поврзано со изборите

В+

Гори зграда во Штип, најмалку едно лице е повредено

Vesti +

ДПИ: Сите инспектори се на терен!

Vesti +