Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека разговарал со рускиот претседател Владимир Путин и побарал од него да спроведе прекин на огнот во Украина.

На прес-конференцијата Орбан рече дека го повикал Путин на мировни преговори во Унгарија, кои ќе се одржат со украинскиот и францускиот претседател, како и со германскиот канцелар. Тој рече дека одговорот на Путин бил позитивен, но оти рекол и дека ќе има одредени услови.

Новинарка на „Волстрит журнал“ го пренесува и ставот кој унгарскиот премиер премиер го изнел на прес-конференцијата, во однос на плаќањата за руските енергенси.

„Ако Русите побараат, ние ќе плаќаме во рубли“, рекол Орбан.