Општина Охрид објави Јавен Повик за прибирање на идејни решенија за уредување на плажите на Охридското Езеро со што презема важна улога во уредувањето, но и во управувањето со крајбрежјето, согласно еко стандардите, Планот за управување со светско природно и културно наследство и според препораките на УНЕСКО, напиша на својот фејсбук профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски.

Како што пишува тој основната цел е плажите да бидат јавни и слободни за користење, во функција на туризмот и да бидат уредени по желба на граѓаните.

“Ги повикувам сите архитекти и стручни лица од оваа област, да покажат интерес и да се вклучат во оваа мисија за креирање на нова слика на крајбрежјето, создавање на една нова понуда која ќе ги подобри условите за развој на туризмот и ќе овозможи зачувување на природните богатства.”- додава Георгиевски.

Повеќе детали за јавниот повик на приложениот линк

List mega menu