Денеска (13.02.2023) во 00.10 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на локалниот пат с.Здуње-с.Дебреше, гостиварско, Б.С.(19) од с.Здуње, управувајќи патничко возило „опел корса“ со гостиварски регистарски, изгубил контрола и со возилото излетал од коловозот.

Во несреќата, сопатникот во возилото В.С.(22) од с.Долна Бањица, гостиварско, се здобил тешки телесни повреди констатирани во Општа болница „Ферид Мурад“ во Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.